Струмица почна да ја живее новогодишната бајка
- Со величествен огномет и светнување на елката висока над 20 метри Струмица од вечерва почна да ја живее новогодишната бајка. Главните градски улици се осветлени во најразлични бои, а плоштадот „Гоце Делчев“ е украсен со најразлични реквизити кои ја доловуваат новогодишната магија.
Струмица, 12 декември 2024 (МИА) - Со величествен огномет и светнување на елката висока над 20 метри Струмица од вечерва почна да ја живее новогодишната бајка. Главните градски улици се осветлени во најразлични бои, а плоштадот „Гоце Делчев“ е украсен со најразлични реквизити кои ја доловуваат новогодишната магија.
Според градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој заедно со дечињата и граѓаните одбројуваше до светнувањето на големата елка, градот доживува вистинска новогодишна магија каква нема никаде во државата.
- Опфатот на украсени улици и реквизитите кои се поставени е многу голем. Еден од заштитните знаци на новогодишното украсување во Струмица е елката која е висока над 20 метри, но мене посебен впечаток ми остава ангелот кој е поставен пред новиот соборен храм во изградба и е висок околу 3,5 метри. Овие се времиња на радост, времиња на смеа, времиња на уживање и посакувам цела Струмица, но и цела Македонија да дојдат тука за да можат да ја почувствуваат новогодишната магија, изјави Костадинов.
Инаку, новогодишното украсување на Струмица чини 7 милиони денари обезбедени од општинскиот буџет. рт/цр
Фото: МИА