• недела, 01 септември 2024

Струмица наскоро ќе добие скејт парк

Струмица наскоро ќе добие скејт парк

Струмица, 3 мај 2023 (МИА) - Градежните работи за изградба на Скејт парк во Струмица се одвиваат според планираната динамика, а деновиве е поставена армирана бетонска плоча на површина од 500 метри квадратни.

Според информацијата од Општината, овој спортски објект се простира на површина од 625 метри квадратни и се наоѓа во рамки на спортско-рекреативниот дел на Градскиот парк.

- Инвестицијата изнесува 6.200.000 денари, а средствата се целосно обезбедени од буџетот на Општина Струмица. Очекуваме овој проект да биде готов во месец јуни оваа година, информираа од локалната самоуправа.

По поставувањето на плочата следни зафати се партерно уредување на околниот терен, осветлување и монтирање на скејт рампи. Платформата ќе биде заградена и ќе се постават седум спортски реквизити кои ќе овозможат адреналинска забава за љубителите на овој екстремен спорт. рт/цр

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан