• четврток, 26 декември 2024

Струмица интензивно го реализира проектот за еколошки електричен јавен превоз

Струмица интензивно го реализира проектот за еколошки електричен јавен превоз

Струмица, 26 април 2023 (МИА) - Со избор на на вршители на должност членови на Управниот и Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈСП „Струмица-Транспорт“ на вчерашната седница на Советот, Општина Струмица интензивно продолжува да работи на реализирање на проектот за воведување на еколошки електричен јавен превоз.

Според градоначалникот Костадин Костадинов, Струмица ќе биде првата општина на Балканот со таков превоз. Завршил техничкиот дијалог и до крајот на неделата се очекува да биде објавена и јавната набавка за десет еколошки електрични автобуси.

-Овој проект ја крева Струмица за неколку скали повисоко пред другите општини во однос со справувањето со аеро загадувањето. Светски и европски тренд е да се инвестира во електричен јавен превоз и токму тоа го правиме. Им овозможуваме на жителите на Струмица, особено на жителите на населените места да имаат подобра комуникација со градот и поефтин превоз, рече Костадинов.

Струмичкиот градоначалник очекува успешно завршување на јавната набавка и до крајот на годината да бидат испорачани првите автобуси.

Овој проект на Општина Струмица, како што најави министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, при неодамнешната посета на Струмица, ќе биде поддржан во наредната година, но и други проекти од областа на заштитата на животната средина. рт/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан