• петок, 27 декември 2024

„Струмица гас“ ја намали цената на гасот за февруари

„Струмица гас“ ја намали цената на гасот за февруари

Струмица, 9 февруари 2023 (МИА) - ЈПЕД „Струмица гас“ ја намали цената за природниот гас за февруари за корисниците од 91,48 на 73,379 денари.

Според директорот Благој Милановиќ, намалувањето на цената се должи на промената на цената на пазарите на гас каде има поголемо намалување.

-Очекуваме оваа цена да остане и во наредниот месец доколку продолжи трендот на пад на цените на природниот гас на пазарите, изјави Милановиќ.

Инаку, од лани Општина Струмица ја субвенционира цената на гасот за физичките лица во износ од 10 денари за секој потрошен метар кубен. Со субвенцијата корисниците на гас во Струмица за февруари ќе платат по 63,379 денари за метар кубен.рт/цр

Остани поврзан