• среда, 25 декември 2024

Стружани се информираат за користење бесплатна правна помош

Стружани се информираат за користење бесплатна правна помош

Струга, 30 септември 2023 (МИА) - Стружани денеска се информираат за правата за користење бесплатна правна помош, каде да се обратат и кои се условите за добивање во рамките на проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош“, кој е дел од заедничката програма на Европска Унија и Совет на Европа „Хоризонтален Инструмент III за Западен Балкан и Турција“, а имплементиран од канцеларијата на Советот на Европа во Скопје во соработка со Министерството за правда.

Целта на настанот, како што информира Ирена Цуцулоска Јакимовска, виш раководител на проектот за бесплатна правна помош, е зголемување на свеста кај граѓаните на општина Сруга за постоењето на бесплатна правна помош.

-Интересот кај стружани е голем. Граѓаните добиваат во моментот правна помош, како и флаери и отпечатени материјали со информации за бесплатната правна помош и контакти каде може да се обратат за да го остварат своето право. Целта е да ги информираме за ова право, бидјеќи сеуште свеста за постоењето и на законска бесплатна правна помош и за тоа каде да се обратат е на ниско ниво, истакна Цуцулоска Јакимовска.

Стружани, појасни, може да се обратат во подрачното одделение на Министерството за правда во старата општинска зград, секој работен ден, како и овластените здруженија и правни клиники, кои се дел од регистерот на Министерството за правда.

Секој граѓaнин, нагласи раководителката на проектот, има право да побара правен совет, правна информација, помош за пополнување одредени формулари за остварување одредено право, а може да му биде доделен и адвокат во судска постапка доколку ги исполнуваат условите, кои пред се, се од финансиска природа.

- Постојат два вида бесплатна правна помош, едната се вика примарна и опфаќа правен совет, правна информација помош за пополнување формулари. Неа ја даваат вработените во подрачното одделение на Министерството за правда за сите граѓани или правници во овластените здруженија и правни клиники. Секундарната правна помош опфаќа застапување во судски постапки и даватели се адвокатите, кои се дел од регистерот за бесплатна правна помош на Министерството за правда, додаде Цуцулоска Јакимовска.

Доколку странката ги исполнува условите за да добие адвокат Министерството за правда, односно подрачното одделение доделува адвокат од листата, кои сами се регистрирале за давање бесплатна правна помош. сс/ев/

Остани поврзан