Струга одигра нерешено, Силекс поразен на подготовките во Турција
- Фудбалерите на Струга и Силекс одиграа денеска контролни натпревари во рамки на подготовките во Анталија пред стартот на пролетната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Анталија, 19 јануари 2026 (МИА) – Фудбалерите на Струга и Силекс одиграа денеска контролни натпревари во рамки на подготовките во Анталија пред стартот на пролетната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Струга одигра нерешено 2-2 против словачки Тренчин, а головите за есенскиот вицешампион во ПМФЛ ги постигнаа Радески и Малески.
Силекс ги почна подготовките во Турција со пораз од 2-1 од Бунјодкор од Узбекистан.
Стрелец на единствениот гол за кратовскиот прволигаш беше Алиќ.ег
ФОТО: Фејсбук.