• петок, 27 декември 2024

Струга домаќин на спортската Гимназијада

Струга домаќин на спортската Гимназијада

Струга, 9 мај 2024 (МИА) - Во организација на Сојузот на училишен спорт, Струга денеска првпат е домаќин на спортската Гимназијада, на која ќе се натпреваруваат најдобрите училишни екипи од Македонија во голем и мал фудбал, ракомет, кошарка и одбојка во машка и женска конкуренција.

Претседателот на Сојузот за училишен спорт Жарко Ферукоски и координаторот на Гимназијадата Ацо Ѓуроски информираат дека на Гимназијадата ќе се натпреваруваат 600 ученци од цела држава.

- Оваа година ја имаме честа да бидеме домаќини затоа што изминатава година бевме препознаени како најактивен Сојуз на училишни спортови, а нашите спортисти имаа големи успеси, велат тие.

На Гимназијадата, меѓу другите, ќе се натпреваруваат и ученици од двете средни училишта во градот, гимназијата „Ибрахим Темо“ и средното општинско училиште „Нико Нестор“.

Свеченото отворање е на ракометното игралиште „Горан Попоски-Бабец“, а натпреварите ќе се играат во спортскиот центар „Тими“, во малата одбојкарска сала и големата ракометна сала во „Нико Нестор“ и на игралиштето за голем фудбал АС Unated. сс/хс/

Фото: Сојуз на училишен спорт

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан