• вторник, 24 декември 2024

Стрелечкиот клуб „Стратилат“ Кичево освои трето место на традиционалниот натпревар со пушка 7,62 мм на 100 метри

Стрелечкиот клуб „Стратилат“ Кичево освои трето место на традиционалниот натпревар со пушка 7,62 мм на 100 метри
Кичево, 20 септември 2021 (МИА) - Во организација на Македонската спортска стрелечка федерација, вчера на стрелиштето „Камник“ крај Скопје, се одржа традиционалниот натпревар во дисциплините пушка 7,62Х39 мм и пушка 7,9 мм на растојание од 100 метри лежечки став. Стрелечкиот клуб „Стратилат“ од Кичево со освоени 201 круг се пласира на третото место во дисциплината пушка 7,62Х39 мм. - На вчерашниот традиционален натпревар што го организира Македонската спортска стрелечка федерација, во дисциплината 7,62Х39 мм на растојание од 100 метри, со 201 освоен круг се пласиравме на третото место екипно. Нашата екипа ја сочинуваа Живко Костадиноски, Ставре Чически и Христијан Андоноски, подвлече претседателката на клубот Мери Станојоска и посочи дека се задоволни од остварениот пласман, ако се има во предвид дека се најмлад клуб во земјава. Со остварениот пласман можеме да бидеме наполно задоволни ако се има во предвид дека сме најмлад клуб во земјава формиран пред неполна година и допрва треба да се стекнеме со неопходното искуство за натпреварувања од ваков вид. Очекуваме на наредниот стрелечки натпревар, што ќе се одржи на 2 и 3 октомври, да оствариме и подобри резултати, нагласи претседателката Станојоска. Инаку, во стрелечкиот клуб „Стратилат“ - Кичево активни се над 60 стрелци и е еден од ретките, ако не и единствен клуб во земјава, кој располага со сопствено стрелиште. за/свс

Остани поврзан