• четврток, 19 декември 2024

Странците ќе го доживуваат Охрид преку игриво видео креирано од Фибула и Види Вака

Странците ќе го доживуваат Охрид преку игриво видео креирано од Фибула и Види Вака
Со пораката „Вистинските убавини заслужуваат да бидат промовирани на вистински начин”, туристичката агенција Фибула и Види Вака Раскажувачкото студио го презентираа интерактивното видео за туризам „Охридско Езеро со Фибула“, прво од овој тип во регионот и пошироко. Овој иновативен концепт нуди уникатно интерактивно искуство во прво лице и му овозможува на гледачот да ги види од прва рака сите содржини и понуди што го интересираат, движејќи се низ видеото со сопствена динамика и избирајќи различни патеки на движење. На овој начин убавините на Охридското езеро и туристичката понуда се приближуваат на најдобар начин до глобалната публика чии навики и потреби се менуваат под влијание на новите технологии. Интерактивното видео можете да го изиграте на следниов ЛИНК. „Со креирањето на овој уникатен промотивен концепт очекуваме понудата за Охридското езеро да се издвои од останатите понуди кај нашите странски партнери и да придонесе за зголемена посета на Македонија како и на користењето услуги од сите наши партнери кои се појавуваат во видеото. Воедно, среќни сме што на овој начин ги воведуваме Македонија и Охрид во новата ера на туризмот, во која успешната интеракција со странските туристи многу зависи од успешната употреба на дигитални технологии.“, изјави Асим Меџедовиќ, извршен директор на туристичката агенција Фибула Турс. Преку интерактивното видео, гледачот може да избере тип на активност која го интересира - култура, гастрономија, авантура, рекреација и во прво лице да мине низ клучните знаменитости, локации, активности кои ги нуди Охридскиот регион. Интерактивното видео беше креирано од страна на Види Вака Раскажувачкото Студио - комерцијалната гранка на медиумот Види Вака, кое специјализира во иновативни раскажувачки формати. „Под влијание на новите технологии, потребите и очекувањата на клиентите постојано се менуваат. Промотивните содржини мора да се дигитални, динамични, да го ставаат корисникот во контрола на содржината и да имаат елемент на игра. Види Вака Раскажувачкото Студио е специјализирано за креирање содржини и формати кои успешно одговараат на овие предизвици. Соработката со Фибула беше одлично искуство и можност да ги прикажеме нашите капацитети, а притоа да придонесеме и за промоција на Охридскиот регион и на Македонија како атрактивна туристичка дестинација.“, изјави Дарјан Раденковиќ, директор на Види Вака Раскажувачко Студио. Во видеото, покрај убавините на Охридското езеро, претставени се и голем број на локални компании за авантуристички туризам, угостителски обејкти, сместувачки капацитети, со цел истите да бидат презентирани пред посетителите кои преку видеото ќе се информираат за понудата во регионот. Фибула веќе го дистрибуираше интерактивното видео до сите тур-оператори во странство со кои има партнерски договори, и на кои истото ќе им послужи како моќна алатка при нудењето на турите за Охридското езеро пред нивните клиенти.       _____________________________________________   MИА - ОТС Комерцијални соопштенија   Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.  

Остани поврзан