• среда, 25 декември 2024

Странски студенти и годинава се запишаа на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Странски студенти и годинава се запишаа на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Штип, 23 септември 2024 (МИА) - Студентите од странство и понатаму одбираат да студираат на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“. Заинтересиреноста од нив изминатите години беше голема и тоа најмногу од Турција, а годинава за нив е збогатена дополнително со студиските  програми на англиски јазик, изјави денеска проректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, Мишко Џидров.

Тој истакна дека заклучно со првите два уписни рока и очекуваниот резултат од третиот, УГД е задоволен од бројот на студенти.

- Постои голем интерес. Би рекол дека изминатите години беше од Турција, но ние имаме од цел свет, а единствен пробелем со кој се соочуваме и останува е тоа дека не им се дозволува на странските студенти од некои подалечни земји да добијат виза. Овие денови привршува третиот уписен рок, еве моментално кандидатите кој што не се задоволни, можат да поднесат приговори, а истите ќе бидат разгледани утре. Додека, на 25 ти веќе ќе имаме и конечни резултати од третиот уписен рок. Секако и крајот на уписниот рок на УГД јас ги повикувам сите заинтересирани кандидати кои што сѐ уште не се одлучиле да го направат ова што е можно побргу, нека веднаш дојдат на нашите уписни места со своите документи и да можеме во третиот уписен рок и да се пријават, но и да ги запишеме, вели Џидров.

 Странските студенти наставата на англиски јазик можат да ја следат на неколку факултети.

- Студиските програми се збогатени со уште една програма со англиски јазик на економскиот факултет, а од изминатата година има програма на англиски јазик и на медицинскиот факултет, правниот, иформатика, додава Џидров. вдј/ар/

Фото: МИА 

Остани поврзан