• среда, 13 ноември 2024

Стравовите и возбудите од младоста на Квентин Тарантино

Стравовите и возбудите од младоста на Квентин Тарантино
Лос Анџелес, 28 октомври 2020 (МИА) - Во новата емисија на „Историја на хоророт“, познатиот американски режисер и глумец Квентин Тарантино говори за своите стравови од детството, но и она што го возбудувало во младоста... Тоа што честопати не му дозволувало да заспие навечер, биле вестите за барани криминалци во Лос Анџелес. - Ќе покажеа слика на некој криминалец и ќе ги опишеа неговите ужасни злосторства: Тој е некаде надвор во нашиот град. Ако го видите, не обидувајте се да му се приближите. Јавете се на надлежните лица. И потоа, јас сум буден до пет или шест часот во ноќта, замислувајќи како тој човек влегува во мојата куќа и го убива целото семејство. Немаше ништо што ме плашеше повеќе од тоа или вестите што ги слушнав. Непосредно пред случаите со семејството Менсон, имаше сериски убиец кој низ Лос Анџелес убиваше луѓе со чекан. И тоа момче ме плашеше!, раскажува Тарантино. Сепак, тој уште како тинејџер ја сфатил разликата меѓу реалноста и филмот, па тогаш и станал љубител на мистичните, криминалистичките и хорор-филмовите. Во тоа, прв позначаен удел имал филмот „Длабока црвена“ („Profondo rosso“, 1975 година), на Италијанецот Дарио Арџенто. - Дури не ни знаев дека тоа е италијански филм. Отидов сам на кино и ги гледам сите тие страшни и ужасни убиства едно по друго - чист садизам. Не само огромна количина крв, туку и најгласен саундтрак што некогаш сум го слушнал на филм... Сѐ тоа, просто те удира... Беше апсолутно возбудливо, вели тој. Тарантино говореше и за идеите за неговиот следен 10-ти филм, кој може да биде од жанрот хорор. Проектот, наводно, ќе биде последниот долгометражен филм на Тарантино, освен ако тој повторно не се премисли. си/ми/

Остани поврзан