• четврток, 26 декември 2024

СТО: Светската трговија слаба на стартот на 2020 година, можно поголемо влошување

СТО: Светската трговија слаба на стартот на 2020 година, можно поголемо влошување
Женева, 17 февруари 2020 (МИА) - Растот на глобалната трговија со стоки веројатно ќе остане слаб во првите месеци од 2020 година, соопшти денеска Светската трговска организација (СТО), додавајќи дека ваквите случувања би можеле да бидат влошени поради новиот коронавирус. Светската трговска организација соопшти дека индикаторот за трговска размена на стоки падна на 95,5 поени во однос на ноемврискиот показател од 96,6 поени. Индикаторот за помалку од 100 поени покажува дека растот на трговијата е под просекот забележан на среден рок. Од СТО наведуваат дека со новите податоци не се опфатени најновите случувања, како што е емидемијата на коронавирусот, која дополнително може да ја влоши светската трговија. Глобалната трговска размена падна за 0,2 проценти во третиот квартал од 2019 година во однос на истиот период лани, соопшти СТО, истакнувајќи дека е можно да се поправи во четвртиот квартал. Сепак, новите податоци укажуваат дека тоа закрепнување нема да биде одржливо, бидејќи во периодот јануари-март 2020 година најверојатно ќе биде забележан пад на глобалната трговија. паг/

Остани поврзан