Сто и шест санкции за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес
- Сто и шест возачи се санкционирани денеска во акциската контрола на мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на вози
Скопје, 7 мај 2022 (МИА) - Сто и шест возачи се санкционирани денеска во акциската контрола на мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Како што соопшти МВР од нив 28 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението. ац/