• недела, 28 јули 2024

Сто и шест години од раѓањето на народниот херој Страшо Пинџур

Сто и шест години од раѓањето на народниот херој Страшо Пинџур
Кавадарци, 5 март 2021 (МИА) - Сто и шест години од раѓањето на народниот херој Страшо Пинџур беа одбележани денеска во Кавадарци. Повеќе претставници на општествениот живот положија цвеќе  на  неговата спомен биста. Директорката на основното училиште кое го носи неговото име, а е меѓу најстарите во градот, Илинка Бакева истакна дека  делото на Страшо  потсетува на еден важен дел од македонската историја. Таа изрази задоволство што бројни генерации со децении  се образуваат и воспитуваат во училиштето,  што го носи името на еден од најголемите македонски револуционери. свд/фф/

Остани поврзан