• четврток, 26 декември 2024

Стојчевски  од ЗНАМ: Ќе се бориме за донесување нови и праведни закони за бранителите

Стојчевски  од ЗНАМ: Ќе се бориме за донесување нови и праведни закони за бранителите

Скопје, 26 април 2024

Ние од Движењето За наша Македонија нема да ги заборавиме бранителите и припадниците на безбедносните сили кои ги дадоа своите животи за Македонија.

Семејствата на бранителите заслужуваат институционална помош и поддршка за достоинствен живот и не треба да се чувствуваат како граѓани од втор ред.
Патриотизмот не се брани со зборови, туку со дела.

Ние од Движењето ЗНАМ потпишавме декларација за поддршка и остварување
на правата на бранителите и ќе се бориме за донесување нови и праведни закони.

Наша обврска е да ја направиме Македонија држава во која владее правото,
се почитуваат законите и е просперитетно место за живот за сите кои живеат тука.

Доста беа поделбите меѓу граѓаните на политички, институционален, етнички, верски, економски и социјален план. Сите се еднакви и сите имаат еднакви обврски, да се обединиме и да го дадеме максимумот за Наша Македонија.

Даниел Стојчевски, носител на листата во ИЕ 2,   Сектор за односи со јавност на ЗНАМ

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан