• петок, 27 декември 2024

Стојоски: Имам голема чест да настапувам под македонското знаме на Олимписките игри

Стојоски: Имам голема чест да настапувам под македонското знаме на Олимписките игри
Токио, 28 јули 2021 (МИА) - Македонскиот атлетичар Јован Стојоски со нетрпение го очекува својот деби настап на едни Олимписки игри. Тој ги прави последните подготовки за трката на 400 метри закажана за 1 август. - Задоволен сум од подготовките коишто ги одработив. За Токио се подготвував две години. Олимписките игри се сон за секој спортист, голем предизвик. За мотивот не треба да се зборувам премногу. Предизвикот е голем, имам голема чест, да настапувам под македонското знаме, тоа ми дава обврска да дадам се од себе. Никогаш не сум се штедел, вака ќе биде и на трката. Конкуренцијата ќе биде голема, но тоа го прави чувството посебно. Имам искуство на другите натпреварувања, се надевам дека ќе успеам да остварам резултат за почит, истакна Стојоски. Настапот на ЛОИ во Токио ќе биде дополнително искуство за предизвиците кои ги има поставено македонскиот атлетичар. - Иако е рано, но моја следна цел се Олимпијадите во Париз и Лос Анџелес. Нема да застанам, сакам да носам успеси, сакам да ја правам Македонија горда, додаде атлетичарот. зс/

Остани поврзан