• недела, 24 ноември 2024

Стојкоски: Извршена е ревитализација на коловозот на улицата  „Манчу Матак“ во Хром

Стојкоски: Извршена е ревитализација на коловозот на улицата  „Манчу Матак“ во Хром
Скопје, 16 мај 2022 
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски соопшти дека реализацијата на капитални проекти продолжува со ревитализација на коловозот на улицата  „Манчу Матак“ во Хром. Се работи за финална реализација на еден капитален проект за општината Ѓорче Петров, поконкретно за месната заедница Хром, а тоа е целосна ревитализација на коловозот на улицата  „Манчу Матак“ во Хром, при што е изведена и целосно нова линија на атмосферска канализација. Самиот асфалтен слој  е во приближна должина од некои 650 метри, додека пак атмосферската канализација со краците се со должина до 850 метри. Делот на атмосферската канализација кој што е под ова улица понатаму се приклучува на главниот колектор под улицата „Кичевска“ и оди се до реката Вардар. Многу битен проект за овој дел на населбата затоа што на овој начин ќе се регулира истекувањето на атмосферските води со што ќе се олесни да кажам и во дел канализациониот систем за отпадни води на самата улица. Дополнително произведба на работите на оваа улица се изврши и делумна промена на инсталациите за електрична енергија со што се остави простор  да има можност да се приклучат повеќе објекти, да се подобри напонот во делот. Изведени се нови тротоари со приближна големина од некои 1700 метри квадратни. Целиот овој проект е финансиран преку заем од МСИП 2 програмата на Светска Банка преку Министерството за финансии и конкретно овој проект чини отприлика околу 20 милиони денари. Центар за комуникации со јавноста на ВМРО ДПМНЕ 
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан