Стојкоски: Создаваме нова иднина за Ѓорче Петров
- Се обврзуваме дека во наредниот период ќе поставиме многу повеќе канти за отпадоци, ќе поставиме многу повеќе клупи на кои што ќе може да одмараат посетителите на ова место, како и ќе постави
Скопје, 8 октомври 2021 (МИА) - Се обврзуваме дека во наредниот период ќе поставиме многу повеќе канти за отпадоци, ќе поставиме многу повеќе клупи на кои што ќе може да одмараат посетителите на ова место, како и ќе поставиме нови содржини во делот на спорт и рекреација.
Ова го најави кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски, кој вели дека пешачката патека на насипот во Ѓорче Петров е место на кое што многу жители го поминуваат своето слободно време, дали со пријателите, дали со своето семејство, дали со своите со домашни миленичиња.
Тој дополни дека, за жал, премногу е очигледно оти на овој простор му треба многу љубов, многу повеќе грижа и му треба многу повеќе работа и посочува дека од обете страни на патеката ќе подигнат и нови дрвореди, а со тоа, како што вели, ќе придонесат да се подигне свеста за зачувување на животната средина и разубавување на просторот. ар/сп/