• среда, 25 декември 2024

Стојаноски: Џафери да закаже собраниска седница ден по Комисијата за уставни прашања и да се види дали има мнозинство за промена на Уставот

Стојаноски: Џафери да закаже собраниска седница ден по Комисијата за уставни прашања и да се види дали има мнозинство за промена на Уставот

21 јули 2023

Официјална комуникација со партиите од власта, со СДСМ, може да има  само преку разговор за предвремени избори. Во Комисијата за уставни прашања ќе одиме за да објасниме зошто сме против овие предложени уставни измени  предложени од Владата,  рече Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во Тема на денот во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител.

Стојаноски укажа дека е јасно дека владеачките партии немаат мнозинство за да почне процесот на уставни измени.

„Го повикувам Такат Џафери да ја закаже пленарната седница за уставни измени ден по Комисијата за уставни прашања, поточно на 26 јули и да види дали има мнозинство за промени на Уставот“, рече Стојаноски.

Пратеникот посочи и конкретен предлог, на таа седница да има две точки на дневен ред, првата, за промена на Уставот, а кога ќе видат дека немаат мнозинство, да се премине, на втора, гласање за распуштање на парламентот.

Стојаноски се осврна и на прашањето за комуникација со движењето на Изет Меџити. 
 
„Сите оние кои сакаат да ја бутнат оваа Влада ние сме отворени за соработка.  Гледаме и дека се повеќе има такви од владеачката коалиција кои излегуваат и негодуваат со актуелните случувања“, посочи Стојаноски.  

Стојаноски информираше дека ВМРО-ДПМНЕ поднесе амнадман за ДДВ на пелетите да остане на 5 проценти и да не се покачува на 18 проценти пред истото да го стори власта.

„Амандман за пониско ДДВ за пелетите беше класична замена на тези. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа на 18 јули амандман и тоа е прв амандман, и прво тој ќе се разгледува, од власта поднесоа ден подоцна. Ние ова го најавивме на 17 јули и го повикавме Фатмир Битриќи да го направи тоа, но тие излегоа и лоши препишувачи и лоши економисти“, кажа Стојаноски.

Стојаноски информираше дека пратениците не се информирани кои се тие 400 производи кои ќе се опфатат со најавената, од власта, даночна реформа.

„Даночната реформа ќе се прошири и опфатот на ДДВ се зголемува на  минимум 4000 прехрамбени производи. Ние немаме листата кои се тие прозиводи и ние ќе бараме да се објави, и да се смени со аманадман, бидејќи никој освен тие кои го пишуваат законот не знае кои производи ќе бидат оданочени со 10 или 18 проценти“, вели Стојаноски.

Пратеникот укажа дека стопанството е обиденото против солидарниот закон.

„За солидарниот закон имавме состанок со Сојузот на стопнски комори, со Стопанската комора на Македонија, а следнава недела и со Стопанската комора на Северозапна Македонија. Бизнискот како никогаш досега е обединет. Ние ќе предложиме за ова да има јавна расправа и забелешките од истата да се вметнат во законот преку амандмани“, заклучи Стојаноски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан