• недела, 24 ноември 2024

Стојаноски: Дали 3,5 милиони евра од тендерите на Марковски компани ќе завршат во СДС

Стојаноски: Дали 3,5 милиони евра од тендерите на Марковски компани ќе завршат во СДС

Скопје, 12 август 2024 

Почитувани,

6 милиони евра во неколку тендери поделило раководството на РЕК Битола и ЕСМ од СДС за 10 дена на Марковски компани.

Сите тендери кои ги добиле Марковски компани се за ремонтни работи, т.е. ангажман на специјализирана работна рака.

Како што веќе објавивме, цените за час работа се за 150% поскапи од лани.

Договорите се јавно објавени и достапни на јавноста и обвинителството. Очекуваме од ЈО да реагираат и отворат постапка.

Фактот што Филипче молчи за овие тендери на неговите сопартијци говори дека очигледно истиот има интерес од тоа.

Јавно го прашуваме Филипче да каже дали разликата во цени на тендерите од 6 милиони евра, што е околу 3.5 милиони евра треба да заврши во СДС?

Филипче да каже дали начинот на испумпување на парите е преку фирмите на Заеви и ним блиски кои до сега се јавуваа како подизведувачи на Марковски компани или како изнајмувачи на механизација?

ЈО да не чека и да отвори постапка. СДС ја ограби државата. Одговорност едноставно мора да има. 

Нема повеќе обвинители и судии кои се на услуга на бизнис криминалните елити, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната прес конференција запрашан за тоа каков е планот на ВМРО-ДПМНЕ со 40-те препораки од Оценската мисија на ЕУ за реформи во Судскиот совет, дали ќе се имплементираат сега или ќе се чека евентуално распуштање на Советот?

Тој продолжи и додаде:

„Распуштањето на советот е мерка од која не се откажуваме впрочем тоа беше и наше ветување пред граѓаните кое доби поддршка. Во меѓувреме треба да се има во предвид дека отпорот за ваквиот чекор е најголем од тие на кои им служи трулиот судско обвинителски систем и на кои им одговараат институциите под 2 проценти доверба“, посочи Стојаноски.

Тој потенцираше дека секој предлог и идеја која ќе значи промена е добредојден, но воедно тоа не значи и откажување од заложбата да се променат и подобрат работите.

Прес-конференција на Бојан Стојаноски, пратеник

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

 

 

Остани поврзан