• недела, 24 ноември 2024

Стојаноска: Како и со Ковид 19, така и со мајмунските сипаници власта се однесува неодговорно

Стојаноска: Како и со Ковид 19, така и со мајмунските сипаници власта се однесува неодговорно
Скопје, 12 август 2022 
Во Македонија, со власта на СДСМ и ДУИ, се случува тотален распад на системот. Земјава, од сите земји во регионот, па и пошироко, најлошо ја помина пандемијата со Ковид 19. Бевме меѓу земјите со најголем број починати на еден милион жители, последни почнавме со вакцинација, две години каскавме зад сите останати. И, како да не ги научивме лекциите, па сега продолжува власта со својата неодговорност и неспособност.
Имено, во услови кога цела Европа стравува од нова епидемија, овој пат епидемија од мајмунски сипаници, нашите власти се повторно неорганизирани. Откако излезе во јавноста информација дека едно лице во Македонија е суспектно на оваа болест, следеше уште една потврда за  неспособноста и неажурноста на надлежните институции.
Ова лице, не само што не било тестирано за да се утврди дали е или не е заболено, туку му било дозволено да си оди дома и слободно да се шета меѓу граѓаните. Односно, ова значи дека нема никаков здравствен третман и протокол од страна на институциите. Тоа е недозволиво, бидејќи на ваков начин се загрозуваат општото здравје и животите на граѓаните кои се изложуваат на една заразна болест.
Министерот за здравство, Сали тврдеше дека институциите се подготвени, но на дело ја гледаме нивната неспособност.
Дали министерот Сали и другите надлежни ќе понесат одговорност, доколку заразата се прошири?
Дали институциите ќе бидат виновни доколку се утврди дека суспектното лице е навистина заразено и притоа му било дозволено слободно да се шета, без да се почитуваат протоколите за заштита од заразни болести?
Зошто не се превенира, ако знаеме дека потоа е многу потешко да се заштити општото здравје на граѓаните? Зошто не се донесат конкретни протоколи и според нив не се справуваат со предизвиците?
Очигледно е дека власта на СДСМ и ДУИ пати од хронична недокваканост. Тие, како и во пандемијата, така и сега, дозволуваат работите да излезат од контрола, па после ќе ги обвинуваат граѓаните.
Ова мора да престане. Неодговорноста на СДСМ и на ДУИ е епска. Оваа неодговорност мора да се казни и да се промени час поскоро на избори, затоа што загрозува животи и здравје на граѓани.
Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан