• среда, 27 ноември 2024

Стојанов: Интензивни градежни активности во урбан блок 5.1 во Неготино

Стојанов: Интензивни градежни активности во урбан блок 5.1 во Неготино

Неготино, 9 ноември 2023 (МИА) - Интензивни градежни активности се реализираат во урбан блок 5.1 во Неготино, информираше попладнево неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

- Како актуелна локална власт, после долги години игнорирање на нивните проблеми и на барање на граѓаните кои живеат во тој дел на градот, започнавме со уредување на урбан блок 5, урбана заедница 5.1 во Неготино. Врз основа на потпишаниот договор со изведувачот на работите „Градба промет“, на терен се одвиваат интензивни градежни работи кои се однесуваат на изградба на комунална инфраструктура со неколку фази, појасни градоначалникот.

Тој појасни дека се работи на поставување на водоводна, фекална и атмосферска канализација со различна должина, изградба на дел од три улици во овој урбан блок, нисконапонски развод и поставување на улично осветлување, сето согласно основниот проект изработен од „Аква вин“ од Штип.

- Надзорот на работите го врши „Студио Архивисион“ од Скопје. На овој начин излегуваме во пресрет на барањата на нашите сограѓани и како одговорна локална власт ги решаваме нивните проблеми. Вкупната вредност на целиот проект изнесува 15.930.000,00 денари, средства обезбедени од буџетот на општината Неготино, соопшти Стојанов. свд/ир

Фото: Општина Неготино

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан