Стојановски победник на турнирот во пинг-понг во Куманово
- Андреј Стојановски го освои пингпонраскиот турнирот во Куманово одржан по повод 11 Октомври. Со овој турнир се одбележа празникот и се означи почетокот на новата сезона.
![Стојановски победник на турнирот во пинг-понг во Куманово](https://new.mia.mk/index.php/images/20231012080849_big_730x400_95.webp )
Куманово, 12 октомври 2023 (МИА) – Андреј Стојановски го освои пингпонраскиот турнирот во Куманово одржан по повод 11 Октомври. Со овој турнир се одбележа празникот и се означи почетокот на новата сезона.
Второто место и сребрениот медал му припадна на Мартин Ристески, а со бронза се закитија Васевски и Јакимовски.
Овој турнир се одржува секоја година во Куманово и е првиот турнир во новата сезона. зс/