• среда, 13 ноември 2024

Стојановски: Во јавни здравствени установи без согласност на МЗ набавувани лекови кои не се на листата на ФЗО 

Стојановски: Во јавни здравствени установи без согласност на МЗ набавувани лекови кои не се на листата на ФЗО 

Скопје, 14 септември 2024 (МИА) -   Директори именувани од СДСМ и ДУИ во јавни здравствени установи без согласност на Министерството за здравство набавувале лекови кои не се на листата на Фондот за здравстемо осигурување, тврди ВМРО-ДПМНЕ. 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски повикувајќи се на информации за извршени контроли од ФЗОМ и други надлежни институции  денеска на прес-конференција рече дека се нотирани бројни самоволија во здравствените установи, кои често биле резултат на личен интерес.

- При контролите констатирани се набавки на лекови кои не се на листата на лекови што со општ акт ја утврдува Фондот за здравствено осигурување, на кој министерот за здравство дава согласност, но за истите ЈЗУ нема обезбедено претходна согласност од Министерството за здравство и Фондот и тоа во следниве ЈЗУ: Здравствен дом – Гостивар, Здравствен дом – Струга, УК за државна кардиохирургија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје,  УК за психијатрија – Скопје, Клиничка болница – Тетово, Општа болница – Струга, Општа болница – Струмица, Општа болница со проширена дејност - Дебар, рече Стојановски.

Злоупотреби, како што дополни, се правени и во делот на дежурствата.

- При контролите евидентиран е случај во ЈЗУ, каде се пресметува и исплаќа додаток за дежурство, но на контролата не и е дадена на увид согласност од Министерство за здравство, за обезбедување непрекинато вршење здравствена дејност со работа со дежурство во: УК за максилофацијална хирургија – Скопје,  УК за државна кардиохирургија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје,  УК за психијатрија – Скопје, Општа болница - Струмица. Одговорните лица во здравството од СДС и ДУИ се однесувале како клиниките и болниците да се нивна своина, без да водат грижа за вработените, средствата и пациентите. Времето на злоупотреби во здравството помина. Одговорност ќе има, рече Стојановски.лв/

фото:ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан