• сабота, 28 декември 2024

Стојановски: Во Сопиште ќе асфалтираме постојано, не само пред избори

Стојановски: Во Сопиште ќе асфалтираме постојано, не само пред избори
Скопје, 3 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на општина Сопиште од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Сашо Стојановски вети добра патна инфраструктура, асфалтирање и одржување на улиците не само пред избори, туку во континуитет.
-Како нова локална самоуправа ќе се обврземе да обезбедиме добра патна инфраструктура. Асфалтирани и одржувани улици. Но, тоа нема да биде само пред избори, туку наша должност е да се грижиме во континуитет. Ќе покажеме дека можеме секојдневно да ги извршуваме обврските, а не само кога некому му требаат гласови. Никој повеќе не може да ги излаже граѓаните со најавување проекти и асфалтирање улици во предизборие. Покрај оддржување и реконструкција на постоечките, планираме да пробиеме и тампонираме патишта до нивите на локалното население, изјави Стојановски. дма/мч/

Остани поврзан