• сабота, 23 ноември 2024

Стојановиќ: Суспендирани се уште тројца вработени во „Идризово“ за бегството на Мемети

Стојановиќ: Суспендирани се уште тројца вработени во „Идризово“ за бегството на Мемети

Скопје, 1 февруари 2023 (МИА) - Директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ вечерва информираше дека уште тројца вработени во КПУ „Идризово“ се суспендирани после бегството на затвореникот Беким Мемети.

Два ипол часа се проверувал видео надзорот во „Идризово“, вели, Стојановиќ и додава дека новите тројца суспендирани не се одговорни само за бегството, туку и за функционирањето на целата зграда.

-Што точно се случило, не би знаел да кажам, но затворот е добро обезбеден со камери, ѕидови, жици и единствен начин да се излезе е со медицинска помош или со поддршка на дел од вработени, изјави  Стојановиќ во емисијата „Топ тема“. дма/сст/

Остани поврзан