Стојанка Ќупчева нов студентски правобранител на УКЛО Битола
- Стојанка Ќупчева, редовен студент на Педагошкиот факултет е избрана за нов студентски правобранител на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.
Битола, 7 февруари 2024 (МИА) - Стојанка Ќупчева, редовен студент на Педагошкиот факултет е избрана за нов студентски правобранител на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.
Изборот на Ќупчева е потврден од Универзитетскиот сенат, со што почна нејзиниот мандат од две години, соопштија од секторот за односи со јавност на УКЛО.
Според Законот за високо образование, студентскиот правобранител постапува по поднесок од страна на студент или по сопствена иницијатива доколку увидел дека е повредно право на студент од страна на органите на Универзитетот или друг член на академската заедница на Универзитетот. Во таква ситуација, органите на високообразовната установа се должни да постапат по укажувањата на студентскиот правобранител, посочија од УКЛО Битола,
Студентскиот правобранител ќе работи во просториите на КРЕДО Центарот на Универзитетот во Битола. мт/ир
Фото: УКЛО