• вторник, 24 декември 2024

Стотици хиндуси имале неуспешни обиди да избегаат од Бангладеш во Индија заради напади

Стотици хиндуси имале неуспешни обиди да избегаат од Бангладеш во Индија заради напади

Њу Делхи, 8 август 2024 (МИА) - Стотици хиндуси неделава направија неуспешни обиди да избегаат од Бангладеш во Индија заради вандализирање на нивните домови и средства за живот по соборувањето од власт на премиерката Шеик Хасина Вазед, јавија британските медиуми.

Невладината организација „Бангладешки совет за единство на хиндусите будистите и христијаните“  соопшти дека такви напади имало во 45 од 64 области во земјата, при што еден учител е убиен, а најмалку 45 хиндуси се повредени.

Хиндусите сочинуваат околу осум отсто од популацијата на Бангладеш пто брои 170 милиони луѓе, каде што исламот е најраспространета религија.

Партијата „Лига Авами“ на Шеик Хасина се дефинира доминантно секуларна, додека во опозицискиот блок има една тврдокорна исламистичка партија.

Мохамад Ракибул Хасан, претставник на локалната власт во северозападниот округ Такургаон, изјави дека меѓу 700 и 800 хиндуси синоќа се обиделе да побегнат во Индија, откако некои од нивните домови биле нападнати.

-Тие се вратија откако им дадовме заштита. Граничарите патролираат во областа. Сега се е во ред и нема повеќе пријави за насилство, рече Хасан.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан