• сабота, 23 ноември 2024

Илјадници пропалестински демонстранти се собраа во центарот на Лондон

Илјадници пропалестински демонстранти се собраа во центарот на Лондон

Лондон, 5 октомври 2024 (МИА) - Десетици илјадници пропалестински демонстранти се собраа денеска за да маршираат во центарот на Лондон, одбележувајќи една година од нападите во Израел на 7 октомври, јави британски Гардијан.

Друг настан се очекува подоцна во Единбург, додека утре во Хајд Парк треба да се одржи комеморативен настан, организиран од Одборот на пратеници на британските Евреи, Еврејскиот лидерски совет и други групи.

Активистите се собраа на плоштадот Бедфорд во услови на силно полициско присуство. Според организаторите, тие планирале да ги „таргетираат“ компаниите и институциите за кои велат дека се „соучесници во злосторствата на Израел“, вклучително банката Баркли и Британскиот музеј.

Метрополитенската полиција соопшти дека пропалестинскиот марш наиде на контрапротести на крстосницата на Кингсвеј и Алдвич и на близу Странд и Трафалгар плоштадот.

Дел од демонстрантите носеа либански и ирански знамиња и транспаренти со натписи „Не поддржуваме геноцид“ и „Ционизмот е расизам“, додека мнозина скандираа „Слободна Палестина“.

Полицијата соопшти дека не очекува големи јавни собири в понеделник, на годишнината од нападот. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан