• сабота, 23 ноември 2024

Стотици припадници на Хезболах ранети во експлозии на пејџери

Стотици припадници на Хезболах ранети во експлозии на пејџери

Бејрут, 17 септември 2024 (МИА) - Стотици членови на либанската вооружена група Хезболах, вклучително и борци и медицински лица, беа тешко ранети денеска кога експлодираа пејџерите што ги користат за комуникација, изјави извор од безбедносните сили.

Неименуван функционер на Хезболах рече дека детонирањето на пејџерот е „најголемото нарушување на безбедноста“ што и се случило на милитантната група во речиси една година војна со Израел.

Локалните жители велат дека последната експлозија се случила 30 минути по првата, додека некои од нив се обидувале да откријат дали меѓу повредените има и членови на нивните семејства.

Израелската армија, која од октомври минатата година разменува оган со Хезболах, паралелно со војната во Газа, не го коментираше инцидентот. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан