• недела, 24 ноември 2024

Сторми Дениелс го бранеше своето тврдење дека во 2006 година имала случајна средба со Трамп  

Сторми Дениелс го бранеше своето тврдење дека во 2006 година имала случајна средба со Трамп  

Вашингтон, 10 мај 2024 (МИА) - По испрашувањето од обвинителите, поранешната актерка во филмови за возрасни Сторми Дениелс синоќа беше ставена пред вкрстен распит од одбраната на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп.

На судот во Њујорк што се води против него за сторено кривично дело таа веќе втор ден се соочува со Трамп при што во графички детаљи опиша како во 2006 година имала случајна средба со него што завршила во неговата хотелска соба.

Тогаш таа имала 27 години а Трамп 61. На обвинителите им кажа дека потоа, во пресрет на претседателските избори во 2016 година, кога Трамп беше успешен републикански претседателски кандидат, тој и платил 130.000 долари да молчи за тоа. Централен дел на процесот е оваа сума бидејќи била исплатена од касата на изборната кампања, што е незаконски.

Краткотрајната и непланирана средба со Трамп се случила во голф клуб покрај езерото Тахо во Невада. Дениелс, на адвокатката Сузан Неклес ѝ кажа дека тој ја поканил на вечера во својот апартман во хотелот, никогаш не донел храна, и потоа се соблекол да има сексуален однос со неа.

На вкрстеното испитување Неклес сакаше да ја претстави Дениелс пред поратата како парољупка и лажга и сугерираше дека средбата меѓу двајцата никогаш не се случила.

-Имате големо искуство во тоа кога раскажувате лажни приказни за секс тие да звучат како вистински (во повеќе од 200 филмови за возрасни во кои таа глумела или ги продуцирала).

Дениелс одговори: „Не би кажала така. Сексот во филмовите е многу реален, исто како тоа што ми се случи и во таа соба“.

Неклес беше упорна: „Сето ова го измислувате“? Дениелс одговори: „Не. Ме терате да кажам дека се променило, но се нема променето“.

Очигледно беше навреда за Трамп сведочењето дека ако нејзината непланирана средба со него била невистинита „би ја напишала да биде многу подобра“, што предизвика смеа во судницата.

По неколкучасовното сведочење на Дениелс, другиот адвокат од одбраната побара прогласување на неправилно судење заснована на тоа дека сведочењето против Трамп било со предрасуди и без поврзаност со обвинувањата со кои тој се соочува, како например исказот дека таа го плеснала по задникот со некое списание. кб/сд/

Остани поврзан