Сторе: Норвешка ќе обезбеди 93 милиони долари на Украина за воздушна одбрана
- Норвешка ќе обезбеди 1 милијарда норвешки круни (речиси 93 милиони американски долари) за помош на украинската воздушна одбрана, рече премиерот Јонас Гар Сторе за време на самитот на НАТО во Вашингтон.
Осло, 11 јули 2024 (МИА) - Норвешка ќе обезбеди 1 милијарда норвешки круни (речиси 93 милиони американски долари) за помош на украинската воздушна одбрана, рече премиерот Јонас Гар Сторе за време на самитот на НАТО во Вашингтон.
Норвешка вчера објави дека ќе обезбеди шест борбени авиони Ф-16 на Украина во обид да помогне во одбраната на земјата од руските воздушни напади.
„На Украинците им треба повеќе воздушна одбрана за да го заштитат своето население од руските бомби и ракети“, се вели во писмената изјава на Сторе. паг/
Фото: ЕПА