• среда, 25 декември 2024

„Стоп против питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“ - протокол на Здружението „Градиме иднина“

„Стоп против питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“ - протокол на Здружението „Градиме иднина“
Скопје, 23 септември 2022 (МИА) - Здружението „Градиме иднина“ - Скопје ќе достави до Владата Протокол за проектот „Стоп против питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“. Протоколот , како што нааведуваат, откако ќе се достави до Владата треба на владина седница да се прифати и усвои и да се достави со владина одлука до сите државни институции и образовни установи да постапат по него против питачењето и злоупотребата на децата и нивното здравје. Како што информираат од Здружението „Градиме иднина“ - Скопје, Протоколот ќе се достави до претседателот Стево Пендаровски, до амбасади, градинки, основни и средни училишта, донаторите на „Градиме иднина“, медиуми, општини, компании...
Од Здружението „Градиме иднина“ - Скопје посочуваат дека овој Протокол бил „оставен и чуван во фиока од 2010 година“ и додаваат оти сега очекуваат повратен одговор од државните институции. Според нив, државните институции треба да постапат по изработениот протокол и по законите во земјава. Најавуваат дека наскоро ќе закажат прес-конференција пред Владата. мд/са/

Остани поврзан