• сабота, 23 ноември 2024

Стопанска Триоги триатлон утре во Скопје, посебен режим на сообраќајот

Стопанска Триоги триатлон утре во Скопје, посебен режим на сообраќајот

Скопје, 18 мај 2024 (МИА) - Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги триатлон што ќе се одржува утре во Скопје. Триатлонот ќе почне во 8.15 часот на базенот „Борис Трајковски“. Сениори, мастерси, јуниори и рекреативци први ќе испливаат 750 метри, ќе возат 20 километри велосипед, по што ќе следува трчањето на пет километри.

Пливачкиот сегмент ќе се одржи на Базенот „Борис Трајковски", за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот „Илинден“, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.

За непречено одржување на триатлонот, од 8.15 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“, од крстосницата со булеварот „8-ми Септември“ до крстосницата со улицата „Никола Парапунов“. Ќе биде затворена и улицата околу СЦ „Борис Трајковски“. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.  

Како што информираат организаторите од клубот „Триоги рејсинг“ - Скопје, ќе се натпреваруваат триатлонци во следните категории: Сениори (2004 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Јуниори (2005-2008): 750 метри пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Кадети (2009-20011): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање. - Деца 2 (2012-2014): 175 метри пливање, 4 километри велосипед, 1 километар трчање, Деца 1 (2015 и помлади - рекреативна категорија): 75 метри пливање, 2 километра велосипед и 500 метра трчање; - Мастерс 1 (1994-1985): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;  Мастерс 2 (1984-1975): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Мастерс 3 (1974 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Тимски триатлон: Tимoвите треба да се состојат од 3 члена (барем еден учесник од машки и еден од женски пол). Секој учесник штафетно одработува по една од дисциплините на спринт дистанцата: 750м пливање, 20км велосипед или 5км трчање.

Стопанска Триоги триатлон се реализира со техничка соработка со македонската Триатлон федерација. мч/мд/

фото: „Триоги рејсинг“

Остани поврзан