• среда, 25 декември 2024

Стопанска комора: Нa компаниите им требаат предвидливи и пазарни услови за работење

Стопанска комора: Нa компаниите им требаат предвидливи и пазарни услови за работење

Скопје, 3 мај 2024 (МИА) - Осигурителните компании кои се членки на Групацијата на осигурувањето и на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија соопштуваат дека се изненадени што Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии донела избрзана, непазарна и еднострана одлука без да ги земе во предвид аргументите на сите засегнати страни во осигурителната индустрија.

Од Групација на осигурувањето при Комората сметаат дека Агенцијата за супервизија на осигурувањето со извештаите кои ги доставува до Комисијата за автомобилска одговорност при Министерство за финансии создава хаос и забуна, дека не ги зема во предвид сите аспект на осигурителниот бизнис, влијае на Комисијата при Министерството за финансии и креира погрешна слика за реалноста на цените за авто осигурување.

Членките на Групацијата истакнуваат дека Република Северна Македонија се стреми да стане членка на Европската Унија, но амбиентот за работа на компаниите и начинот на донесување на одлуките влеваат несигурност во работењето на компаниите.

-Република Северна Македонија е една од ретките држави каде државата сеуште има функција во утврдување на цената за задолжителната АО и покрај фактот што се работи за пазарна економија. ЕУ секоја година во Извештајот за погресот на земјата, споменува дека оваа државна интервенција е неконзистентна со Европската регулатива и дека цената мора да ја утврдува слободниот пазар, односно да се случи либерализација на овој пазар. За жал, оваа реформа сеуште не е ни отпочната и ингеренциите за утврдување на цената на задолжителната автоодговорност се поделени помеѓу Владата, Комисијата за автомобилска одговорност и компаниите, се посочува во соопштението на Комората.

Од Стопанската комора на Северна Македонија потенцираат дека со донесената Одлука од страна на Комисијата за автоодговорност се лимитира делот за вршење на дејноста односно трошоците и се воспоставува 100 отсто државна контрола над цените за автоодговорност. Со ова, како што посочуваат, се оддалечуваме и од принципите на Европската Унија и од правилата на пазарната економија. фф/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан