• петок, 27 декември 2024

Стопанската комора на Северозападна Македонија ја претстави платформата за економски развој на кандидатите за градоначалници од ДУИ

Стопанската комора на Северозападна Македонија ја претстави платформата за економски развој на кандидатите за градоначалници од ДУИ
Скопје, 30 септември 2021 (МИА) - Во рамки на традиционалните средби кои Стопанската комора на Северо-западна Македонија ги одржува во пресрет на изборите денеска нејзини претставници се сретнаа со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и кандидатите за градоначалници кои ќе учествуваат на претстојните локални избори. Претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа истакна дека на оваа средба ќе дискутираат за Платформата за економски развој на локално ниво која произлегува од направените анализи на Комората базирана на потребите на реалниот сектор. - Платформата е аполитички документ, кој ќе биде водич за потенцијалните кандидати за градоначалници во четиригодишниот мандат кои ќе менаџираат со нашите општини. Како Стопанска комора во оваа Платформа имаме предвидено неколку приоритети: ефикасна и ефективна администрација на општините, транспарентност, вклучување на бизнис секторот во програмите и нивна соработка со институциите и дигитализација на услугите во општините, изјави Хоџа. Рече дека ќе побараат од кандидатите за градоначалници да ја реализираат платформата. - Од минатото имаме случаи кога проектите и ветувањата во голема мера се реализираат, но имаме и случаи кога дел од нив не се остварени. Како стопанска комора ќе извршиме притисок да се реализираат во најдобрата форма и во догледно време, бидејќи од овие остварувања зависи и економскиот развој, бројот на вработени и останувањето на младите во нашата земја, рече Хоџа. Според претседател на ДУИ, ваквите средби и комуникација со бизнис заедницата им помогаат на власта за да може поуспешно да ги реализира проектите кои се од интерес за граѓаните. - Насоките за извршната власт и за градоначалниците од ДУИ беа да имаат транспарентна, искрена соработка со Стопанската комора, да ги слушаат забелешките за да бидат што е можно поуспешни во реализацијата на програмата. Оваа комуникација и соработка ја збогатува работата што властите треба да ја завршат, рече Ахмети. фф/бак/

Остани поврзан