• петок, 27 декември 2024

Стоматолозите препорачуваат редовни контроли на шест месеци

Стоматолозите препорачуваат редовни контроли на шест месеци

Штип, 20 март 2023 (МИА) - Свеста кај помладата популација за редовно одење на стоматолог е повисока смета Моника Кашуба, општ стоматолог во Штип.  На Светскиот ден на оралното здравје, Кашуба вели  дека мора да се имаат предвид редовните контроли на шест месеца и истите воопшто да не се избегнуваат.

-Колку се грижат, тоа е релативно, затоа што имаме група на граѓани кои многу и не се грижат, но имаме и група на граѓани кои редовно доаѓаат на контроли, на шест месеци. Пример, за шест месеци и ако има нешто, ќе биде минимално. Најчесто, имаме група на граѓани кои доаѓаат на стоматолог само кога ќе им се јави поголема болка, веќе во краен случај. Веќе помладите генерации почнуваат повеќе да обрнуваат внимание на оралната хигиена, затоа што се грижат за својата естетика, вели Кашуба.

Иако се ретки, но компликациите се можни од расипан заб.

-Имаме најчесто пациенти кои доаѓаат во ординацијата со болка и сите доаѓаат со истата приказна дека мислеле оти ќе прекине да боли, затоа не сакале да дојдат порано. Но,нешто треба да остане како мисла за сите луѓе дека заб ако почне да боли, мора да одиш во ординација. Само нема да помине, рече Кашуба.

Посочува дека здравите заби не само што овозможува здрав организам, туку ја зголемува и социјалната интеракција и промовира самобит, од друга страна, пак, нездравата уста може да доведе до социјална изолација заради чувството на срам поради забите и перцепцијата на луѓето за нивното орално здравје. вдј/дма/

 Фото: МИА

Остани поврзан