• понеделник, 25 ноември 2024

Столтенберг ја поздрави ратификацијата од турскиот Парламент на приклучувањето на Финска кон НАТО

Столтенберг ја поздрави ратификацијата од турскиот Парламент на приклучувањето на Финска кон НАТО

Брисел, 31 март 2023 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, синоќа ја поздрави ратификацијата од страна на турскиот Парламент на членството на Финска во Алијансата, изјавувајќи дека тоа ќе го направи „семејството на НАТО посилно и побезбедно“, пренесоа француските меидуми.

„Го поздравувам гласањето на турскиот Парламент за комплетирање на ратификацијата на членството на Финска. Тоа ќе го направи целото семејство на НАТО посилно и побезбедно“, напиша генералниот секретар на НАТО на својот налог на Твитер.

Со синоќешната одлука на Турција апликацијата на Финска за членството во Алијансата веќе е одобрена од сите 30 земји-членки. сд/

Остани поврзан