• среда, 25 декември 2024

Столтенберг: САД ќе останат силен сојузник на НАТО без разлика кој ќе стане претседател

Столтенберг: САД ќе останат силен сојузник на НАТО без разлика кој ќе стане претседател

Вашингтон, 10 јули 2024 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека очекува САД да останат „силен и посветен“ сојузник на Алијансата без оглед на исходот од претстојните претседателски избори во САД.

Во Вашингтон, за време на обраќањето пред новинарите, Столтенберг изрази уверување дека членките на Алијансата ќе останат посветени Украина да стане членка на НАТО и додаде дека се уште е рано да се каже кога тоа ќе се случи.

Тој изјави дека Алијансата не гледа непосредна воена закана за ниту една од сојузничките земји, посочувајќи дека Русија е целосно окупирана со војната во Украина.

-Во изминатите месеци видовме шема на руски непријателски дејствија против сојузниците во НАТО, рече Столтенберг, додавајќи дека тоа се „непријателски дејствија кои се движат од дезинформации до саботажа“.

Лидерите на НАТО се собраа на самитот во Вашингтон, каде што вчера, денес, и утре Алијансата ја слави 75-годишнината од основањето.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан