• среда, 25 декември 2024

Столтенберг оцени дека Руте е „многу силен кандидат“ за негов наследник

Столтенберг оцени дека Руте е „многу силен кандидат“ за негов наследник

Брисел, 18 јуни 2024 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска оцени дека Марк Руте е многу силен кандидат за негов заменик, откако холандскиот премиер во заминување ја доби поддршката од Унгарија и Словачка.

Северноатлантскиот сојуз донесува одлуки со консензус, така што кандидатот мора да ја добие поддршката од сите 32 сојузници. Само Романија се уште се спротивставува на кандидатурата на Руте, со оглед на тоа што таа позиција ја сака и романскиот претседател Клаус Јоханис.

Холандскиот јавен сервис НОС претходно, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање, објави дека Руте ќе го наследи Столтенберг, кој заминува од должноста во октомври по речиси десет години на чело на Алијансата. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан