• среда, 27 ноември 2024

Столтенберг: На самитот на НАТО во Вилнус на Украина нема да и биде врачена официјална покана за членство

Столтенберг: На самитот на НАТО во Вилнус на Украина нема да и биде врачена официјална покана за членство

Берлин, 19 јуни 2023 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека лидерите на Северноатлантската алијанса нема официјално да ја поканат Украина да стане нивна членка, на самитот во Вилнус, Литванија, на 11 и 12 јули.

-На самитот во Вилнус, но и за време на подготовките за самитот, нема да разговараме за официјалната покана, изјави Столтенберг по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, пренесуваат британските медиуми.

Тој додаде дека лидерите ќе разговараат како Украина да се приближи до членството во НАТО. 

Генералниот секретар предупреди дека е против прифаќање на статусот на замрзнат конфликт во Украина.

-Сакаме крај на војната, но мирот не може да значи замрзнување на конфликтот и прифаќање на договор диктиран од Русија, рече Столтенберг. сд/

фото: архива

Остани поврзан