• сабота, 23 ноември 2024

Столтенберг на прес-конференција со Зеленски: Иднината на Украина е во НАТО

Столтенберг на прес-конференција со Зеленски: Иднината на Украина е во НАТО

Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) - Иднината на Украина е во НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Двајцата говореа пред претстојниот денешен состанок на Советот НАТО-Украина во рамките на Самитот на Алијансата во Вашингтон. Лидерите на земјите од пактот во завршната декларација на состанокот на Северноатлантскиот совет - највисокото политичко тело за одлучување во НАТО, ветија дека патот на Украина кон членство во организацијата е неповратен.

Столтенберг потврди дека не може да прецизира конкретни датуми за пристапување на поранешната советска република во западната воена алијанса, но наведе голем број конкретни мерки за изградба на „мост за членство“.

Зеленски, од своја страна, се заблагодари на НАТО за помошта што и ја дава на Украина и повика на нејзина брза испорака.

Во усвоената декларација Алијансата официјално се обврза следната година да обезбеди воена помош за Киев во износ од 40 милијарди евра.

„Патот на Украина кон членство во НАТО сега е неповратен“, нагласи Зеленски. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан