• среда, 25 декември 2024

Столтенберг на Б9 во Рига: НАТО има сила, ресурси, способност и политичка волја да ја заштити секоја земја-членка

Столтенберг на Б9 во Рига: НАТО  има сила, ресурси, способност и политичка волја да ја заштити секоја земја-членка

Рига, 11 јуни 2024 (МИА) - НАТО има сила, ресурси, можности и политичка волја да ја заштити секоја своја земја-членка, најави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во летонската престолнина Рига, каде што учествуваше на самитот на форматот Б9, пренесоа германските медиуми.

Во овој регионален форум за консултации и дијалог за безбедносни прашања, познат и како Букурештка четворка, учествуваат Естонија, Летонија, Литванија, Бугарија, Романија, Словачка, Унгарија, Чешка и Полска.

-Целта што ја следиме е најмалку две третини од земјите-членки на нашата Алијанса да потрошат најмалку два отсто од својот бруто домашен производ за одбрана, истакна Столтенберг за време на неговиот воведен говор заедно со домаќинот на настанот - летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс.

„Порано или подоцна, Украина ќе влезе во НАТО“, кажа Ринкевичс, кој денеска го одликува  генсекот Столтенберг со највисоката државна награда на Летонија - Орденот на трите ѕвезди.

Словачка и Унгарија не се претставени од нивните претседатели во Рига, а на средбата се присутни амбасадорите на двете земји. сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан