• среда, 18 декември 2024

Столтенберг: НАТО сака сериозен разговор со Русија за контрола на оружјето

Столтенберг: НАТО сака сериозен разговор со Русија за контрола на оружјето
Брисел, 26 јануари 2022 (МИА) -  НАТО сака „сериозен разговор за контрола на оружјето“ со Русија, но нема да прави компромиси за основните принципи, изјави на прес-конференција генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пренесе ДПА. Столтенберг кажа дека овие принципи го вклучуваат „правото на секоја нација да ги избира своите безбедносни аранжмани“. Највисокиот функционер на Алијансата ја повика Русија да ја деескалира кризата со Украина. Тој ова го изјави откако НАТО денеска на Москва и го даде писмениот одговор на нејзините безбедносни предлози за Европа. Столтенберг додаде дека Алијансата е подготвена да се ангажира во конструктивен дијалог со Москва за да се најде политичко решение за неодамнешните тензии.сд/

Остани поврзан