• недела, 25 август 2024

Столтенберг: Командата на НАТО за поддршка на Украина ќе почне да функционира во септември

Столтенберг: Командата на НАТО за поддршка на Украина ќе почне да функционира во септември

Лондон, 18 јули 2024 (МИА) - Командата на НАТО за координирање на поддршката за Украина ќе почне да функционира во Германија во септември, објави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Се договоривме да создадеме команда за координација и обезбедување помош и обука во областа на безбедноста за Украина“, рече тој по неговото пристигнување на самитот на Европската политичка заедница во Велика Британија.

„Таа команда ќе почне да функционира во септември, ќе има 700 лица во Германија... и ќе обезбеди поддршка и помош за безбедноста на Украина, координирајќи ги напорите на сојузниците во НАТО“, додаде Столтенберг. рп/

Фото: МИА архива



Остани поврзан