• недела, 06 октомври 2024

Столтенберг: Иран би можел да испорача балистички ракети за Русија

Столтенберг: Иран би можел да испорача балистички ракети за Русија
Истанбул, 3 ноември 2022 (МИА) - Иран размислува за можноста да ја снабдува Русија со балистички ракети за војната во Украина, покрај беспилотните летала што Техеран веќе ги испорача, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Гледаме дека Иран доставува беспилотни летала и размислува за испорака на балистички ракети на Русија. Тоа е неприфатливо. Ниту една земја не треба да и дава поддршка на Москва во оваа нелегална војна“, рече тој пред медиумите во Истанбул. аб/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан