• среда, 25 септември 2024

Столтенберг во посета на САД 

Столтенберг во посета на САД 

Брисел, 23 септември 2024 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од денеска до петок ќе престојува во САД, при што ќе учествува на 79-то Генерално собрание на Обединетите нации. 

Како што соопшти денеска НАТО, предвидено е за време на престојот во Њујорк, Столтенберг да се сретне со повеќе светски лидери и високи претставници. 

Покрај ова, тој денеска ќе учествува на Годишниот самит на невладината организација Конкордија за 2024 година, а утре ќе присуствува на трансатлантската вечера, што ја организира американскиот државен секретар на Ентони Блинкен за министри од Европа и Северна Америка.  

В среда  Столтенберг ќе присуствува на одбележувањето на 20-годишнината од Истанбулската иницијатива за соработка на НАТО за соработка со арапските земји од Персискиот Залив, чиј домаќин е Кувај, а в четврток ќе учествува на дебата во тинк-тенк организацијата Совет за надворешни односи. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан