• сабота, 23 ноември 2024

Стоилковски: Алармантно, на скопскиот аеродром нема превентива од корона вирус, а неспособноста на Филипче и владата ја плаќаат граѓаните

Стоилковски: Алармантно, на скопскиот аеродром нема превентива од корона вирус, а неспособноста на Филипче и владата ја плаќаат граѓаните
Скопје 9 март 2020 Алармантно, на скопскиот аеродром нема превентива од корона вирусот, а неспособноста на Филипче и на владата ја плаќаат граѓаните. Неспособноста во секое поле се пресликува и во здравството, но тука цената е здравјето на граѓаните. Потфрла контролата и се прават недопустливи превиди на граничните премини. Доказ дека ова е така, е директорката на Клиниката за кожни болести, пуленката на министерот Филипче, Цаца Биљановска. Таа влегла во државата пред 10 дена без да биде детектирано дека е заболена од корона вирусот. Значи, имаме најмалку еден случај без контрола за вирусот Ковид кој што ја има минато границата тука на Меѓународниот Аеродром во Скопје. Се сомневаме дека владата и Филипче кријат и други случаи на пропусти и заболени од корона вирусот. Властите предводени од Заев и од Филипче немаат никаква контрола и пристап кон справувањето и сопирањето на ширењето на опасниот вирус и заради тоа се потребни итни оставки, а работата да ја преземат професионалци. Оставка за Филипче, стоп за неспособната влада Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________  МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан