• среда, 13 ноември 2024

Стоилковски: Фуркан Салиу сам призна дека придонел да ескалира ситуацијата, приведен е затоа што нелегално носел оружје со полна рамка куршуми

Стоилковски: Фуркан Салиу сам призна дека придонел да ескалира ситуацијата, приведен е затоа што нелегално носел оружје со полна рамка куршуми

Скопје, 8 април 2024

 

Интегрален текст од прес конференција

Говорник: Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

 

Почитувани,

Тоа што СДС, ДУИ и останатите нивни полуги го прават со приведувањето на новинарот Фуркан Салиу преставува една грда и црна кампања, но и хајка која што е дел од едно поголемо сценарио кое што треба да биде замена на немањето на програма на овие избори и да се прикрие нивната акутна неспособност која граѓаните ја знаат и ја чувствуваат.

Фуркан Салиу не е приведен затоа што е Албанец или Македонец, затоа што е православен или муслиман, затоа што е новинар или работник, затоа што е од ДУИ, од СДС или пак нема политичка партија, приведен е затоа што попречил и нападнал службени лица од Министерството за внатрешни работи и незаконски чувал огнено оружје во својот автомобил со наполнета рамка куршуми.

Прашањето овој пат не е дали тој имал дозвола за огнено оружје, туку фактот што, според информациите од МВР,  незаконски го носел со наполнета рамка во своето возило, што е во целосна спротивност со законот.

Впрочем и самиот Фуркан Салиу вчера јавно призна дека поседувал оружје, и дека со своето однесување допринел за ескалација на настаните.

Почитувани,

Јас Наум Стоилковски 30 години работев во новинарската фела, и јавно прашувам колку новинари, мои колеги имаат дозвола за оружје, и незаконски го носат на настани каде што има висока тензија и ризик.

Почитувани,

Самата СДС и Оливер Спасовски во минатото велеа дека нападот врз полицајци е напад врз државата.

Зарем МВР требаше да премолчи на инцидентот и јавноста да ја убедува дека полицајците кои вчера беа повредени се удриле во ПАЈАК возило, како што тоа го правеа кога Спасовски за да го прикрие инцидентот кога функционер на ДУИ тепаше полицаец изјавуваше во јавност.

Секој од вас нека се запраша како ќе поминеше секој друг граѓанин кој што ќе нападне полицаец и кој што нема да се повикува на хистеријата креирана од ДУИ и СДС.

На крајот, почитувани, ВМРО-ДПМНЕ прва побара да се почитуваат сите права и слободи на новинарите и сите институции тоа да го земат во предвид. Но немаме намера ниту да оправдуваме, ниту да браниме случај каде се нападнати полицајци.

Ако се збори пак за некакви задни намери, тогаш објективно овој инцидент најмалку му одговара на ВМРО-ДПМНЕ и самата хистерија на оваа тема говори дека СДС одработува поголемо сценарио за да го сврти вниманието во кампањата од реалните теми, а тоа е како да го направи животот на граѓаните подобар и да се смени неспособната и криминална власт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото и видео: ВМРО - ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан