• петок, 27 декември 2024

Стоилковски: Со 300 милиони евра можеше да се купи Трикафта за сите пациенти за следните 10 години

Стоилковски: Со 300 милиони евра можеше да се купи Трикафта за сите пациенти за следните 10 години

Скопје, 27 април 2023 

Почитувани, 300 милиони евра, толку владата мора да исплати како аванс и како пенали само за март и април, според Договор за непочнати автопати.

Почитувани, со 300 милиони евра, државата може целосно да купи терапија Трикафта за сите пациенти со цистична фиброза, и тоа непречено, непрекинато за рок од следните 10  години.

Ако неполни 300.000 долари е годишно за еден болен, а во Македонија има околу 130 пациенти со цистична фиброза, значи само со парите, обврски по договорот од март до мај, за незапочната градба и без проект, со 300те милиони евра аванс и пенали, 10 години би се обезбедил лек за животозагрозувачка болест за 130 лица.

Ковачевски и неговиот шеф Груби треба убаво да пресметаат колку животи ставаат во опасност, но и колку доживотни робии има во овој грабеж и штета од стотици милиони евра?

 

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан